fbpx

УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА
ВАУЧЕРОТ ЗА МЛАДИ ЛИЦА ДО 30.000 МКД

УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ВАУЧЕРОТ ЗА МЛАДИ ЛИЦА ДО 30.000 МКД

Дознај како да го добиеш Ваучерот со помош на ова упатство
што ќе те спроведе низ целиот процес на аплицирање

Дознај како да го добиеш Ваучерот со помош на ова упатство што ќе те спроведе низ целиот процес на аплицирање

ПРЕД ДА АПЛИЦИРАШ

Најважни работи што треба да ги знаеш пред да аплицираш

Што е ваучерот?

„Ваучер за млади лица обуки за дигитални вештини“ е вредносен ваучер со максимална вредност до 30.000 денари, наменет за млади лица помеѓу 18 и 29 години. Ваучерот го издадава Министерството за образование и наука. На едно лице му следува само еден ваучер.

Како можеш да го искористиш ваучерот?

Ваучерот можеш да го искористиш за обука за дигитални вештини и со него да покриеш максимум 50% од вкупниот износ на обуката која ќе ја избереш. 

Тоа значи дека можеш да избереш обука од 60.000 денари, и со ваучерот да покриеш 30.000 од нив. Но, можеш да избереш и обука од 20.000 денари и тогаш ваучерот ќе покрие 10.000 од нив. Можеш да избереш и обука поскапа од 60.000 денари и тогаш ваучерот пак ќе покрие 30.000 денари од нив.

Кои се обуките за кои можеш да го искористиш?

На овој линк можеш да ја погледнеш листата на обуки на Brainster за кои можеш да го искористиш ваучерот

Како да аплицираш за ваучер?

Најпрво избери ја обуката за која сакаш да го искористиш ваучерот, резервирај го твоето место на истата, а нашиот тим ќе ти помогне во целиот процес на апликација за ваучерот.

Во меѓувреме, добро е да ги направиш следниве чекори кои ќе ни помогнат полесно и побрзо да дојдеме до ваучерот.

КРЕИРАЊЕ НА ВЕРИФИКУВАН ПРОФИЛ НА uslugi.gov.mk

ЧЕКОР 1

ПРИСТАПИ НА ТВОЈАТА УЈП СМЕТКА ПРЕКУ ПОРТАЛОТ e-pdd.ujp.gov.mk

Најлесниот начин да креираш профил на Uslugi.gov.mk е преку твојата УЈП сметка, односно преку твојот кориснички профил на e-pdd.ujp.gov.mk. Така што, прво нешто што треба да утврдиме е:

  • Дали имаш УЈП сметка
  • Дали имаш регистриран профил на e-pdd.ujp.gov.mk.

Ако било кога си примил било какви средства на сметка – сигурно имаш УЈП сметка. А aко имаш УЈП сметка, тогаш или имаш регистриран профил на e-pdd.ujp.gov.mk или можеш да креираш. 

Ајде да го провериме ова за сигурно.

(ако си сигурен дека немаш УЈП сметка, скролни надолу до Можно сценарио 2)

Чекор 1.1
Оди на страницата e-pdd.ujp.gov.mk и пробај да се најавиш со твоите податоци. Ако успееш, одлично, скролај веднаш надолу за следните чекори.
Чекор 1.2
Ако си сигурен дека претходно си пристапувал, а сега не успеваш да влезеш, оди на Заборавена лозинка и обиди се да ја ресетираш.
Чекор 1.3
Ако си сигурен дека немаш креирано кориснички налог, оди на Регистрирај се и помини ја оваа процедура.
Чекор 1.4
Ако не си сигурен дали некогаш си пристапувал, оди на Регистрирај се и внеси го мејлот или матичниот број. Ако веќе има корисничка сметка со тој мејл или матичен, под полето ќе добиеш информација за тоа. Тогаш врати се на чекор 1.2.
Previous
Next

ЧЕКОР 2

СО ПРОФИЛОТ НА УЈП РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА Uslugi.gov.mk

Сега веќе сме сигурни дека имаш пристап до твојата УЈП сметка и корисничкиот профил на e-pdd.ujp.gov.mk.

Сега ќе треба истите податоците со кои се најавуваш на e-pdd.ujp.gov.mk да ги искористиш за најава на Uslugi.gov.mk

Ова е мошне едноставна процедура, која можеш да ја видиш на сликите подолу. Одиме!

Чекор 2.1
Откако ќе ја отвориш страницата uslugi.gov.mk, кликни на копчето „Најави се“
Чекор 2.2
Во поп-ап прозорчето од десно внеси го корисничкото име и лозинката од твојот УЈП е-пдд профил, во соодветните полиња. Важно, смени го второто switch копче да биде сино и да потврдиш дека имаш профил на УЈП. Потоа - клик на „Најави се“
Чекор 2.3
Системот ги повлекува твоите податоци од УЈП и ти веќе имаш профил на uslugi.gov.mk. Овде можеш да пребаруваш моментално достапни е-услуги. Што се однесува до ваучерите, без грижа! Ние секако ќе те известиме веднаш штом апликацијата за нив ќе биде официјално отворена.

МОЖНО СЦЕНАРИО 1

Веќе имаш профил на uslugi.gov.mk, но не е поврзан со твојот УЈП профил?

We got you covered. Ова значи дека имаш профил ама не е верификуван на нивото на кое треба да биде. Односно, твојот моментален профил е на основно ниво, но тебе ти е потребен профил на ниско ниво за да можеш да аплицираш за ваучер.

Затоа ја илустриравме и оваа постапка во неколку чекори. Следи ги насоките подолу и надгради го својот профил на време. Вака ќе се осигураш дека на денот кога ќе бидат објавени обуките нема да имаш проблем при земање на ваучер за обуката што ја сакаш.

Чекор 1
Најави се на uslugi.gov.mk
Чекор 2
По најавата, „слетуваш“ на почетната страница на uslugi.gov.mk па во аголот горе десно го отвораш својот профил.
Чекор 3
На твојот профил ќе прочиташ дека е потребно да го надградиш твоето ниво на електронска идентификација. За да го сториш тоа, избери ја картичката „кориснички подесувања“ на десната страна од екранот.
Чекор 4
Во корисничките подесувања всушност треба да го кликнеш линкот на долниот дел на екранот за да го прегледаш твојот eID профил.
Чекор 5
Штом линкот ќе те однесе на твојот eID профил, на екранот ќе ти се појават неколку картички.За да можеш да аплицираш за ваучер кога ќе го отворат повикот, потребно е да ја надрадиш твојата eID електронска сметка, а тоа е наједноставно да го сториш преку твоите податоци кои УЈП веќе ги има.
Чекор 6
По клик на картичката дека имаш профил на УЈП, ти се отвара екран со поп-ап прозорче каде ќе ги внесеш креденцијалите со кои се логираш регуларно на e-pdd.ujp.gov.mkКонечно доаѓаме до моментот на надградба на профил, потребен е само клик на синото копче долу на екранот.
Чекор 7
Штом се појави овој екран, мисијата е успешна. Останува да се одјавиш во горниот десен агол за промените да бидат зачувани и при следна најава твојот профил да биде ажуриран.
Чекор 8
По успешна одјава, препорачуваме веднаш да го направиш и следниот чекор - повторно да се најавиш.
Чекор 9
Во моментот кога апликацијата за ваучери за конкретна обука од листата на обуки кои и Brainster, како и другите едукативни центри, ќе ги понудат ние ќе те известиме дека во најбрз можен рок е потребно да се логираш со својот пофил на uslugi.gov.mk и да си го обезбедиш ваучерот за дигиталната вештина која сакаш да ја стекнеш.
Previous
Next
Чекор 1
По отворање на uslugi.gov.mk, прв чекор - одиш на на „Најави се“
Чекор 2
Во поп-ап прозорчето од десно се најавуваш со твојата e-mail адреса и пасворд.
Чекор 3
По најавата, „слетуваш“ на почетната страница на uslugi.gov.mk па во аголот горе десно одиш на твојот мејл за да ти се отвори паѓачко мени
Чекор 4
Од менито, потребно е да отидеш во делот Профил
Чекор 5
Сега забележуваш порака дека е потребно да го надградиш нивото на електронска идентификација. Без грижа, нема потреба од одење на шалтер! Допри ја стрелката горе десно под твојот мејл.
Чекор 6
Уште едно паѓачко мени. Од него избираш Кориснички подесувања.
Чекор 7
Се отвора екранот на кориснички подесувања, но за линкот што ни е потребен треба да скролнеш малку подолу.
Чекор 8
Токму овде. Ете го линкот ќе те одведе до преглед на твојот eID профил.
Чекор 9
Она што го бараме на твојот eID профил е подолу, па и овде е потребно да скролнеш.
Чекор 10
Третата картичка е твојот избор бидејќи наједноставен начин за надградба на профилот е со твоите податоци кои УЈП веќе ги има.
Чекор 11
На овој скрин ги внесуваш мејл адресата и лозинката со кои регуларно се логираш на твојот e-pdd.ujp.gov.mk профил. Доколку не се сеќаваш на лозинката, врати се нагоре на овој сајт, ти го објаснивме и тој процес.
Чекор 11
Штом ги внесеш креденцијалите, останува тач на копчето „НАДГРАДБА НА ПРОФИЛ“. По ова, препорачуваме да се одјавиш и повторно да се најавиш на uslugi.gov.mk за твојот профил да се ажурира и да си спремен за апликација за ваучер во моментот кога истата ќе се отвори.
Previous
Next

МОЖНО СЦЕНАРИО 2

НЕМАШ ВООПШТО СМЕТКА НА УЈП

Во овој случај, неопходно е да го посетиш твојот локален УЈП каде што ќе ти отворат сметка со која ќе можеш да аплицираш за ваучер.

1
Немаш УЈП сметка, ниту профил на e-pdd.ujp.gov.mk? Без грижа, ова не е неопходно за аплицирање и добивање на ваучер, но сепак е потребно да направиш профил на uslugi.gov.mk. Така што - прв чекор: отвори го сајтот
2
Откако кликна на копчето „Најави се“, потребно е да ја одбереш опцијата „Регистрирај се“ најдолу на екранот
3
Бидејќи немаш УЈП сметка, ќе си направиш профил на Анонимно ниво на сигурност.
4
Креирај си го профилот со мејл адресата и пасвордот која најчесто ја користиш. Откако на мејл ќе ти испрата известување дека ти е креиран профилот, активирај го и подготви си го скенот од личната карта. Останува само да аплицираш за ваучер.

ЧЕКОР 3

ИЗБЕРИ ЈА ПОСАКУВАНАТА ОБУКА ОД ЛИСТАТА НА ОБУКИ
И АПЛИЦИРАЈ ЗА ВАУЧЕР ЗА НЕА

Brainster понуди дури 62 обуки од различни области, со различна должина и во различен ценовен ранк. Погледни ја целата листа, разгледај ги детално програмите на обуките кои најмногу ти се допаѓаат и резервирај го твоето место, а ние ќе ти помогнеме во процесот на апликација за ваучерот.

ВО МЕЃУВРЕМЕ ТИ СТОИМЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ

Ние во Brainster имаме огромно искуство во насочување на младите луѓе кон вештини кои најмногу одговараат на нивниот карактер и темперамент. Затоа, биди слободен/на да ни пишеш и да ги добиеш од нас сите информации кои ќе ти помогнат да ја донесеш вистинската одлука при изборот на обука. Слободно пиши ни ги сите прашања кои ги имаш или побарај да закажеме онлајн средба.

пиши ни или контактирај не' на: